Во Стаклената сала на најпрестижната концертна сцена во глобални рамки, виенски “Музикферајн” започнаа пробите пред светската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите.

Во аранжман на Пандев Шахов, бисерите на македонската традиционална музика на Големата сцена на Музикферајн на 2 март од 20 часот ќе ги изведе добро познатиот квинтет во чиј состав покрај Трпчески се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар под диригентската палка на маестро Јутака Садо од Јапонија.
Проектот, во издание на британската етикета „Лин Рекордс“, лани во септември , ја имаше македонската премиера во Скопје, Битола и во Штип, по 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија.





