Тројна бугарска победа: Во Софија се ,,пегла” Билатералниот протокол, Скопје испратило дипломат од Брисел

Македонската амбасадорка во ЕУ која иако е назначена за иден мандат во Софија се уште се наоѓа во Брисел, од страна на владата во Скопје е испратена како засилување во преговорите за билатералниот договор со Бугарија.



Дипломатката од кариера Агнеза Руси Поповска од пред два дена им се придружила на двајцата македонски претставници Методија Белевски и конзулот во Софија Драган Алчинов кои се во тимот за комуникација со Софија, брифираат бугарски извори.

Тие тврдат дека без разлика на барањата од Париз и составот на дипломатскиот тим Македонија нема голема маргина за промена на текстот на протоколот.

Од вчера наутро претставниците на двете МНР, се обидуваат да ги “испеглаат” разликите во протоколот.

Главниот фокус на македонската страна е механизмот за контрола на овој протокол како дел од преговарачкиот процес со кој Бугарија може во секој момент да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.

Доколку Софија а не Европската комисија има главен збор во оценката за исполнување на бугарските барања тогаш Македонија се доведува во катастрофална ситуација на долг рок.

Од друга страна, како што тврдат Бугарските извори, властите во Софија се порелаксирсни затоа што во Макрон ги прифатил сите Бугарски барања и Париз како успех може да прикаже дека претседателството со ЕУ завршува успешно со промената на одлуката во Софија дека нема повеќе вето за Македонија и Албанија.

Македонија сега ќе мора да ги прифати сите барања на Бугарија како што тоа го сторија земјите членки на ЕУ, тврдат изворите во Софија.

Тие го пренесуваат задоволството од тоа оваа земја направила иделна ситуација во која во исто време го крена ветото, ја стави Македонија пред свршен чин за Бугарите во уставот, историјата, јазикот и другите важни прашања и не ги наруши односите со ниту една членка на ЕУ и НАТО.

Ваква ситуација никој во Софија не очекувал пред потпишувањето на Договорот во 2017 година признаваат дипломатските извори кои најдоцна за два дена очекуваат целосно попуштање на властите во Скопје пред бугарската позиција.