Тројцата убиени Срби во Бањска ќе бидат погребани денеска

Тројцата Срби, кои беа убиени за време на конфликтот со припадниците на косовската полиција на 24 септември во Бањска, денеска ќе бидат погребани.



Игор Миленковиќ ќе биде погребан на гробиштата во Граничане, Бојан Мијаиловиќ на Новите гробишта во Лепосавиќ, а Стефан Недељковиќ во Врњачка Бања.

Нивните тела семејството ги земале вчера од Институтот за судска медицина во Приштина, каде што била извршена обдукцијата.

Во конфликтот во Бањска загина и припадникот на косовската полиција Африм Буњаку. Б92