Израелската војска „по грешка уби тројца заложници“ кои беа држени во Појасот Газа откако беа заробени од вооружени лица на Хамас на 7 октомври.



Тројцата израелски заложници во Газа по грешка беа идентификувани како закана и убиени.

Стотици граѓани протестираа синоќа пред Министерството за одбрана во Тел Авив. Тие  носеа транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека се уште се заложници на Хамас  и ја повикаа владата на Бенјамин Нетанјаху да обезбеди нивно ослободување.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази длабока тага за смртта на тројцата убиени од „пријателски оган“.

„Заедно со целиот народ на Израел, ја наведнувам главата во длабока тага за смртта на тројцата наши драги синови кои беа киднапирани, меѓу нив Јотам Хаим и Самер Талалка, напиша Нетанјаху во X. Ова е неподнослива трагедија.

Третата жртва беше идентификувана како Алон Шамриз, кој беше киднапиран од Кибуц Кфар Аза.

Трите имиња беа потврдени од Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите, кој ги претставува семејствата на заложниците, објави Ројтерс.