Вооружен маж уби три лица и рани други, од кои тројца тешко, во еден од најголемите трговски центри во Данска, соопшти полицијата.
22-годишен маж е уапсен и обвинет за нападот што предизвика паника меѓу купувачите во трговскиот центар Филд во јужен Копенхаген.
Шефот на полицијата Томасен рече дека мотивот е нејасен и дека не може да исклучи „терористички чин“.
Премиерката Мете Фредериксен рече дека Данска претрпе суров напад.
Осомничениот за нападот во трговскиот центар поседувал пушка и муниција кога бил уапсен, соопшти полицијата.
Осомничениот, опишан од полицијата како „етнички Данец“, ќе се соочи со распит пред судија во понеделник.
Полицијата вели дека нема индикации дека биле вмешани други напаѓачи и ги повика сопствениците на продавниците да ги зачуваат сите снимки од видео надзор што би можеле да ги имаат.






