Во судар на патнички и товарен воз во близина на хрватскиот град Новска синоќа загинаа најмалку три лица, а 11 се повредени.
Според првичните информации, околу 21:30 часот патничкиот воз со голема брзина удрил во товарниот што стоел на пругата поради дефект, при што, неофицијално, загинале машиновозач и кондуктер.
Медиумите во Хрватска додаваат дека едниот воз од ударот се превртел и оти во товарниот веројатно имало мигранти. Покрај тоа, се дознава дека патничкиот воз поминал на црвено светло.
На местото на несреќета пристигна и премиерот Андреј Пленковиќ со соработниците.






