Египетските власти објавија дека уапсиле три лица кои со помош на кран се обиделе да ја украдат статуата на Рамзес Втори, стара илјадници години во близина на Асуан и со тежина од десет тони.



Според соопштението, полицијата соопшти дека уапсените поседувале алати за рачно копање, како и кран, „со кој сакале да ја подигнат статуата“.

Рамзес II, наречен и Рамзес Велики, фараон од 19-тата династија, владеел 67 години. Тој е еден од најважните владетели на Египет и неговото долго владеење беше врв на египетската моќ.

Во Египет, тој подигнал голем број монументални згради, вклучувајќи ги храмовите во Абу Симбел, Теба (Рамесеум), Луксор и Мемфис.

Во последните десет години Египет успеал да врати 29.000 антиквитети кои биле однесени во странство.