Тројца потешко повредени во тепачка на концерт во Битола

За време на концерт на на српската турбо фолкерка Теа Таировиќ, синоќа во Битола дошло до физичка пресметка меѓу две групи, во која биле повредени две малолетни лица и еден 19-годишник.



Во тепачката надвор од ракометното игралиште каде се одржувал концертот бил употребен и остар предмет, а повредените завршиле со повреди и се пренесени во Клиничка болница Битола, а две од повредените лица со потешки повреди, од кои едното во критична состојба, како што дознава Макфакс, се пренесени на Клиниките во Скопје.

Тепачката била пријавена во полиција околу 00.47 часот.

Интервенирала полицијата при што приведени биле С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола.