Тројца нови починати заболени од Ковид19 во земјава се евидентирани последниве 24 часа.
“На Инфективната клиника во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје”, информираше Министерството за здравство.
Лидерот на СДСМ Заев се уште смета дека состојбата е нормализирана и може да има услови за брзи избори. Тој пред неколку дена бараше избори на 14 јуни.






