Тројца македонски и еден италијански државјани загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во Ница, јави италијанскиот медиуми „Ла Воче ди Асти“, пренесе Либертас



Според медиумот, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило директно со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.