„Ин7“: Тројца членови на ДУИ преминуваат во новото мнозинство на Владата

Во медиумите беше објавено дека се очекува во новото мнозинство во Собранието да се приклучат двајца пратеници на ДУИ по соборувањето на Владата. Но, како што дознава „И“н7, на оваа бројка се додава уште еден пратеник. Значи станува збор за 3 пратеници од ДУИ кои се очекува да го напуштат бродот на Ахмети.



„Ин7“ ги обезбедил имињата на тројцата, но нема да ги објави поради зачувување на изворот. Еден од пратениците е од полошкиот регион, додека другите двајца се од скопскиот регион.

Сè ќе се разјасни во наредните денови. Она што е речиси сигурно, ДУИ и Али Ахмети ќе бидат новата опозиција на Албанците.

Линк со целата вест на „Ин7“:

Prej të hënës “plus 3” / Kush janë tre deputetët e BDI-së që pritet t’i bashkohen shumicës së re