Групата „Калуш оркестра“, победник на годинашнава „Евровизија“ го продаде трофејот што го доби за цена од 900.000 долари, а парите ќе биде наменети за купување три беспилотни летала за украинската војска.



Кристалниот микрофон беше понуден на аукција на Фејсбук, објавија медиуми

Продажбата се совпадна со појавувањето на бендот на хуманитарниот концерт за Украина во Берлин.

„Ве молам, не се навикнувајте на војната! Мислам дека таа постојано би требала да биде на насловните страници додека не се постигне мир“, изјави членот на групата Олег Псјук.

Од групата кажаа дека парите ќе бидат искористени за да се купат три дрона „ПД-2“ од украинско производство.