Трочањи и Плумб непожелни за еврокомесари

Правната комисија на Европскиот парламент (ЕП) ја потврди својата одлука од минатата недела, со која двајца од предложените 26 комесари се прогласуваат за „несоодветни“ да ја преземат функцијата.



Поради судир на интереси отфрлени се номинациите на Рована Плумб за комесар за транспорт и Ласло Трочани, за комесар за добрососедство и проширување на ЕУ, објави Франс прес. повикувајќи се на прес-службата на Европскиот парламент.

Сега, новоизбраната претседателка на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лаејн, да одлучи кои ќе бидат следните чекори, односно да побара од Букурешт и Будимпешта да номинираат нови кандидати.