Трите грешки во филмот ,,Грчец” на ,,Банево Трло продукција МВР” во режија на Оливер Спасовски (ВИДЕО)

Искусни набљудувачи на состојбите откриваат најмалку три контроверзни моменти во видеото за операцијата на МВР во селото Грчец, каде според Оливер Спасовски наводно била разбиена криминална банда која тргувала со дрога и убивала луѓе.



Банево Трло употребено во насловот на овој текст се споменува затоа што од ова кумановско маало е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според анализата трите спорни моменти во видеото кое е монтирано од МВР укажуваат на можноста операцијата за влез на полициските специјалци во зградата во Грчец да е ,,фингирана”, односно криминалците однапред да знаеле дека некој доаѓа да ги уапси.

Ваква ситуација се случи во предметот Планина 1 во 2019 година кога тие добија дојава и сите избегаа, а МВР никогаш не откри кој ја ,,пробил” акцијата.

Спорен момент 1:

Додека полицајците тивко влегуваат во гнездото на криминалната банда селското куче ниту лае, ниту е вознемирено, што е крајно невообичаено.

Тоа значи дека или полицајците подолго време биле тука и кучето се навикнало на нивното присуство или до него има некој од жителите на куќата што го знае кучето и затоа тоа е смирено, анализираат познавачите.

Според момент 2

Во вториот спорен момент кој се гледа во видеото најпрво еден полицаец се обидува со нога да отвори една врата и не успева во тоа.

Веќе во следниот кадар полициски службеник со нога отвара друга врата и влегува во собата.

Во монтираното видео не се гледа што се случува со првата врата која воопшто нема квака и не може да биде отворена од страната на полицајците освен ако некој не ја отвори од внатре.

Од видеото јасно се гледа дека се работи за две различни врати кои немаат кваки, многу се дебели и не можат ниту да се отворат од надвор ниту можат да се скршат со нога, а полицијата не користи средства за кршење на вратата.

По отварањето на втората јасно се гледа дека дебелата, најверојатно блиндор врата, не е скршена односно не е влезено со сила, што отвара дилема како полицајците влегле во собата.

Спорен момент 3

Третиот спорен момент во видеото кое е монтирано од МВР, а кое треба да покаже дека Спасовски на денот на својата оставка почнал борба против криминалот се десеттината пара обувки кои што се наредени на едни од скалите во видеото.

Во видеото се гледаат само тројца приведени од страна на МВР.

Видеото досега го виделе над 27 илјади луѓе

Предходно, полициски службеници изразија сомнеж дека Спасовски ја злоупотребил операцијата со нејзино спроведување на денот кога си дава оставка од челната позиција во МВР по цели 8 години како прв полицаец.

Што чекал Спасовски со бандата Грчец до последен ден на функција, реакција од полициски професионалци