По сообраќајката која утрово се слуи во скопски Чаир, потешко повредено девојче е хоспитализирано на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, додека другите две повредени девојчиња се примени на Клиниката за детска хирургија, дознава Плусинфо.



Патничко возило поретпладнево, некаде пред 11 часот, во нив удрило возило макра „пасат“ со скопски таблички на улицата Христијан Тодоровски Карпош во скопски Чаир.

„Во тек снимањата на Радиологија, по што ќе може да дадеме информација за  какви повреди станува збор кај трите девојчиња“, изјавиле од Ургентниот центар.