Триста луѓе на погребот на Амди Бајрам

На муслиманските гробишта во Скопје попладнево беше погребан лидерот на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам.



Oколу 300 лица дојдо да му изразат почит и да го испратат до вечното почивалиште, пренесува „Слободен печат“.

Поради дождот присутните морале да ги збијат редовите, но сите носеле заштитни маски, пишува порталот. По положувањето на телото на покојникот сите присутни се оддалечиле од гробиштата, како што е ред при погреб на муслиманските верници.

 Министерството за здравство соопшти дека кај Амди Бајрам (64) посмртно било утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

Синот на Амди Бајрам, стои на вчерашната изјава дека неговиот татко починал од мозочен удар , и затоа веднаш им било предадено телото. Дополнително, тој тврди, и дека два дена пред да почине, на Бајрам му било изврешено ковид – тестирање, кое покажало дека тој во себе го нема вирусот.

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, доктор Александар Стојанов препорачува сите луѓе што од Македонија отпатувале на свадбата на внуката на Амди Бајрам во Истанбул пред една недела, да бидат изолирани дома, додека екипите од ЦЈЗ Скопје да постигнат да ги анкетираат и да ги најдат оние што се во висок ризик да бидат заразени со Ковид 19, пренесе Вечер.

Како што објави Сител, епидемиолозите се жалат дека роднини не сакале да соработуваат, но и да ги кажат лицата кои биле на свадбената церемнонија. Дали има кластер и колкумина се во ризик да се заразат со вирусот најверојатно ќе дознаеме утре.