Во изминатите 24 часа починаа 12 лица од ковид-19, додека од направени 3.608 тесттирања рефгистрирани се 377 нови случаи на коронавирус.
Петмина од починатите се од Скопје на возраст од 63 до 87 година, како и по еден од Куманово (61 година), Охрид (58), Битола (67), Штип (66), Струмица (62), Крива Паланка (78) и Виница (69), сите во болнички услови.
Дополнително согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, пријавено е едно починато лице на 92 години од Скопје, кое починало на 6 декември во болнички услови.






