Трикратно зголемен бројот на попишани од дијаспората последниве денови

Бројот на попишани иселеници од Македонија последниве денови се зголемил за над три пати, соопшти заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами.



По одложувањето на пописот имало голем пад на интересот на иселениците за попишување и во текот на летото се попишувале до 15 лица дневно, но во последните денови бројот се зголеми до 50 на ден, објасни Селами за телевизијата Алсат-М.

„Овој попис е валиден, овој попис е законски, затоа дијаспората мора да го искористи овој момент, мора да го фати моментот, мора да се попишува бидејќи навистина со попишувањето ќе направи одлична работа, и на национално, и на државно ниво, од аспект на нашата евиденција, да знаеме еднаш и засекогаш колку луѓе имаме во странство, каква етничка припадност имаме, како живеат, во кои земји ги имаме итн.“, изјави тој.

Онлајн пописот на дијаспората почна на 1 март и ќе трае до 30 септември, а досега се регистрирани повеќе од 190.600 иселеници.