Екс градоначалникот на Скопје и сопственик на Еуростандард банка во стечај Трифун Костовски се пофали дека дал пари за верски објект во Струмичко.
,,Во возобновувањето на прекрасниот манастир Св. Леонтиј во Водоча подарив финансиски средства кои се втемелени во овој сакрален објект. Да, горд сум”, објави Костовски по што доби благодарност од граѓани но и повеќе забелешки дека не е добро што се фали додека донира на верски објекти.
,,Браво за Вашиот гест како поддршка за зачувување на нешто вредно кое постои со векови и има голем значење за народот и земјата!
ЗАБЕЛЕШКА:
– Тој што дарил никогаш не треба сам да се фали пошто испаѓа дека дарил за публицитет. За дарот и дарителот треба другите да зборат, само така дарот има вистинско значење!”, му пишува еден верник на Костовски.
Во своја одбрана, Костовски кој е еден од најголемите донатори и мецени во историјата на Македонија, вели дека донациите не ги дава за да се фали туку за да знаат граѓаните и да поттикне чувство кај луѓето дека дарувањето е највисоко човечко хумано обележје.






