Трифонов за Македонија: Топката е кај нив и тие треба да направат нешто

Слави Трифонов, лидер на партијата Има таков народ и досега несуден премиер на Бугарија, смета дека е правилна сегашната позиција на неговата земја во однос на ветото за почеток на преговори на Македонија за членство во Европската унија.



„Не сметам дека бугарската позиција за ова прашање треба да се промени. Таа е токму таква каква што треба да биде. Топката е кај нив и тие треба да направат нешто за да ја промениме. Ние долго време имавме прекрасен однос кон нив. Реакцијата од нивна страна не беше таква“, изјави првиот човек на победничката партија на неодамнешните избори во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ).