Трифонов се повлече – бугарските социјалисти се нудат за влада

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, објави дека партијата е подготвена да го преземе третиот мандат за формирање влада, доколку претседателот Румен радев го даде, и дека ќе ги покани сите пратенички групи – без ДПС и ГЕРБ, на разговори за владин кабинет.



БСП се нуди откако вчера лидерот на „Има таков народ“ го повелече предлогот за состав на влада зад кој не застана ниедна од таканаречените „протестни партии“. Тие му замерија на Трифонов дек асо само 65 пратеници во Националнотособрание кое има 240 места, сеобидува да наметне диктат: ГБезусловна поддршка за владата или – нови предвремени избори.

„Вчера ја преминавте границата – еден месец се однесуваме подготвениза диалог и стабилно од страна на БСП, но не можете да го предупредите претседателот на кого ќе му го даде третиот мандат, не се мешајте во овластувањата на претседателот, не пазарете се за нас. Сакаме разум, смиреност и дијалог, рече Нинова.