Партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов е победник на парламентарните избори во Бугарија, според стопроцентното паралелно пребројување на агенциите за испитување на јавното мислење „Галуп“ и „Алфа рисрч“.
Според „Галуп“, партијата на Трифонов освои 23,2 проценти од гласовите, а 22,9 отсто има коалицијата на ГЕРБ на Бојко Борисов со СДС. Бугарската социјалистичка партија (БСП) е трета со 14,2 проценти, а во Собранието влегуваат и Демократска Бугарија со 13,9 отсто, ДПС со 11,4 отсто и „Исправи се! Крадците надвор!“ со 5,1 отсто.
„Алфа рисрч“, пак, за „Има таков народ“ изброи 23,9 проценти од гласовите, за ГЕРБ-СДС 23,4 отсто, за БСП 13,1 отсто, за ДБ 12,8 отсто, за ДПС 11,3 отсто и за „Исправи се! Крадците надвор!“ 5 отсто.
И двете агенции од место во новиот состав на Парламентот, поради ненадминување на изборниот праг од 4 отсто, го елиминираа ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, кој одеше во коалиција наречена „Бугарски патриоти“ со Волја и НФСБ.






