„Ние предлагаме наш кандидат за претседател и неговото име е Румен Радев. Законот и Уставот го даваат ова право. Тој ја исполнува со содржина нашата идеја за претседател … Румен Радев е нашиот мнозински избор” изјави за БНР Слави Трифонов, лидер на Има таков народ,
Претседателските избори во Бугарија треба да се одржат есенва, односно не покасно од два месеца пред истекот на сегашниот мандат на Радев во јануари 2022 година.
ИТН победничка партија на последните парламентарни избори, се откажа од формирање влада и го повлече својот предлог за владин кабинет.
Трифонов објави дека неговата партија нема да поддржи влада ако Радев го додели мандатот на третата политичка сила во Парламентот – БСП.
Претходно, лидерот на второпласираната ГЕРБ, Бојко Борисов најави дека доколку го добијат мандатот за состав на влада тие веднаш ќе го вратат.







