Трифонов не сака да биде лажго и министер

„Се покажа дека во политиката треба да се биде лажго. Колку подобар лажго, толку подобар политичар“, изјави за БНР, Слави Трифонов, лидерот на бугарската партија „Има таков народ“.



„Го знаев тоа, но не мислев дека е толку брутално. Непростливо. Без срам“, истакна тој.

Според него, повеќето луѓе сакаат убаво да ги излажат, да им ветат нешто.

Претставници на „Има таков народ“ ги доставија документите за регистрација на партијата за учество на изборите на 2 април.

Од ИТН се категорични дека ќе ја надминат бариерата од 4 проценти за влез во парламентот, „бидејќи луѓето открија дека биле во право за многу работи“.

Според Трифонов, ИТН има сериозни шанси да влезе во следното Национално собрание.

Самиот ќе учествува на овие избори лично како носител на листата. Сепак, тој не би станал министер за ништо на светот.