Ние од ИТН нема да се согласиме со безусловното и договорено некаде во темни води кревање на ветото за Северна Македонија“, порача во објава на Фејсбук лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов кој го обвини премиерот Кирил Петков дека се обидува да го игнорира коалицискиот договор за темата за РС Македонија и да го отфрли ветото на Бугарија без никакви услови.
„Како што знаете пред да се создаде оваа Влада ние 4 те партии во коалицијата одржавме преговори и потпишавме коалициски договор.
Во него, во делот надворешна политика сите се согласивме дека Бугарија ќе ја зачува досегашната позиција во однос на РС Македонија. Тоа значи дека почетокот на преговорите на РС Македонија со ЕУ ќе се случи тогаш кога тие ќе почнат да го спроведуваат Договорот од 2017 година“, вели Слави Трифонов.
Според него, Петков сака да го игнорира овој договор и да го тргне ветото без никакви услови.
„Тој сака до крајот на јуни Северномакедонците да започнат преговори со ЕУ, без да има никакви правни гаранции за правата на Бугарите во таа држава. Морам да прецизирам дека тој тоа го прави без да ги усогласи своите активности со дипломатите од МНР, со Парламентот и со коалициските партнери“, пишува Трифонов.







