Трифонов му води на Борисов пред утрешните парламентарни избори во Бугарија

Партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов, „Има таков народ“ води со минимална предност пред досега владејачката партија ГЕРБ на Бојко Борисов, покажуваат анкетите пртед утрешните предвремени избори во Бугарија кои се одржуваат само три месеци откако по априлските избори, ни една партија не успеа да состави влада.



Последната анкета спроведена од агенцијата „Тренд” покажува дека партијата „Има таков народ” ја има довербата од 21,3 проценти од гласачите, а ГЕРБ-СДС од 20,5 отсто. Бугарската Социјалистичка партија засега останува на трето место со 15,9 отсто поддршка од гласачите.

Се очекува во идното Народно собрание да влезат 6 политички партии,а речиси е извесно дека меѓу нив нема да биде и партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов.