Трифонов ќе ги добие изборите, ако гласачите не му одат – на море!

Бугарската партија „Има таков народ“ на Слави Трифонов, води со 3 проценти пред ривалите – досегашната владејачка ГЕРБ и главната опозициска БСП – јавуваат бугарски медиуми.



Според анкетата спроведена помеѓу 10 и 15 јуни меѓу 1.008 лица, доколку парламентарните избори се одржуваа денес, ИТН би добила поддршка од 24% од гласачите.

Коалицијата ГЕРБ-УДФ е на второ место со 21,4% и БСП трета со 21,3%, иако во пракса ГЕРБ и БСП имаат еднакви позиции.

Сепак, според агенцијата „Медијана“ која ја спроведе анкетата, гласачите на „Постои таков народ“ се најнестабилната и најподвижната маса на гласачи воопшто.

Имено една третина од нив се млади под 30 години, а речиси 60% од нив планираат да одат на море.