Трифонов извиси, Има таков народ не го помина изборниот праг во Бугарија?!

Несудениот бугарски премиер Слави Трифонов и неговата партија Има таков народ, која до средината на минатата година беше владејачка во Бугарија како дел од Владата на Кирил Петков и Продолжуваме со промената, нема да бидат дел од 49. состав на Народното собрание?!



Според податоците и на двете социолошки агенции „Маркет линкс“ и „Алфа рисрч“ по стопроцентно паралелно пребројување на гласовите од денешните парламентарни избори кај источниот сосед на Македонија, Има таков народ, кој победи на изборите на 11 јули 2001 година, не го помина изборниот праг од 4 проценти!

Првичната проценка на „Маркет линкс“ е дека партијата на шоуменот со тврда антимакедонска позиција освоила 3,8 проценти од гласовите, а според „Алфа рисрч“ 3,9 отсто, со што не е меѓу петте партии што ќе ги поделат 240. пратенички мандати.