Трифонов: „Има таков народ“ веќе е опозиција

„Има таков народ“ со своите 65 пратеници веќе е во опозиција. А другите партии со своите 175 пратеници се веќе на власт. Како ќе се согласат едни со други е веќе нивна работа, соопшти на Фејсбук лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов, пренесе БГНЕС.



Како победничка партија на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 јули, „има таков народ“ го добиу мандатот за состав на влада, но не успеа бидејќи другите ткн „протестни“ партии не се согласија да поддржат „малцински кабинет“ кој го предложи партијата на Трифоно и инсистираа на коалициона влада.

По ова, „Има таков народ“ го врати мандатот со што практично отвори простор за нови парламентарни избори.

Но во објавата на Фејсбук Трифонов вели дека „сите други партии изјавија дека нема да ја поддржат владата на „Има таков народ “, што значи дека таа со своите 65 пратеници веќе е во опозиција. А другите партии со нивните 175 пратеници се веќе на власт. Како ќе преговараат меѓусебно е веќе нивна работа“.

Но и ГЕРБ на Бојко Борисов, втора по големина парламентарна партија со 63 пратеници, го врати мандатот свесна дека нема поддрша од ниеадна од другите 5 партии кои влегоа во Националното собрание кое има 240 пратенички места.