Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, шуменот Слави Трифонов, претстави нови услови за кревање на бугарското вето за преговори на Македонија со ЕУ:



„Бидејќи Американците ја сакаат толку многу С.Македонија во ЕУ, тогаш граѓаните на Бугарија, како и граѓаните на повеќето држави на Европската унија, да немаат потреба од визи за да патуваат во Америка. Тоест, ние сме рамноправна членка на ЕУ и бугарските граѓани, бидејќи се европски Европејци, немаат потреба од визи за да отидат во Америка, посочува Слави Трифонов во статус на својот личен фб профил.

И второ, повторно  бидејќи сме членка на ЕУ, Бугарија веднаш треба да стане членка не Шенген зоната. Аман од чекање и чекални и божем сме Европејци, ама сме помалку Европејци од вистинските Европејци.

Така што-без визи во Америка и членови на Шенген зоната веднаш.

Под тие услови и ако Македонците, извенете-северномакедонците ги исполнат нашите услови, потпишани со Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Бугарија и С.Македонија можеме да го започнеме преговарачкиот процес да и дозволиме на С.Македонија влез во ЕУ“, пишува Трифонов.