Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост по трагедијата во Италија, каде двајца жители од општината загинаа во сообраќајна несреќа, и објави дека ќе биде прогласена тридневна жалост.



Советот на Општината изрази искрено сочувство до фамилиите на загинатите млади момчиња и објави дека ќе ги разгледа можностите за финансиска помош на семејствата.

Како што претходно пренесоа медиумите во сообраќајка загинаа тројца млади граѓани, двајца од Македонска Каменица и едниот од селата Саса и Пекљани, Виничко.