Приватните матични лекари од денеска стапуваат во тридневен протест во тек на кој ќе бидат на работните места и ќе примаат само итни случаи, но нема да издаваат упати и рецепти. Главно барање на матичните лекари е зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците на живот.



Според одлуката на УО Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ), ќе нема упати и рецепти три дена.

Покрај зголемување на капитацискиот бод, тие меѓу останатото бараат „електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години”….