„Да ви каже нешто чичко Тричко, во овие драматични времиња со изгледи за ескалација, можеби подобро ќе разберете:
Заев беше небеско послание за Македонија, амбасадор на провидението, феноменална комбинација од визија, верба, страст, посветеност, истрајност, енергија, човек кој македонската димензија на преживувањето, на оцелувањето, што би рекле Бугарите, ја беше трансформирал во постоење, во високосубјективизиран европски ентитет, ако ме разбирате, независно од финалните кочници, тој човек не дојде во судир со народот, туку со луѓето на кои претходно им беше измиен мозокот, скроз измиен, преку тоталната, без остаток кампања, медиумска, политичка, партиска, невладина, секој ден, тој исплакнат и излуден народ не се изјаснуваше за политиките на Заев туку за претставата за тие политики што му беше наметната.
Неговата единствена грешка е односот кон смртоносниот карактер на медиумите и тоа смртоносен не само за сдсм, туку за Македонија. Се што се зборува за него и за неговите политики сега, се фрази, обични фразетини за арогантноста, за тоа дека не ги почувствувал потребите на народот, не ја анимирал прогресивната интелигенција (која прогресивна интелигенција, јебо те бог),не го реформирал судството, имало многу корупција, хахаха. Обична инерција од пропагандата во која учествуваше сето општество. Се разбира, има еден куп основи за сериозна критика, но ова што го слушаме е расипана плоча во џубоксот во кафеаната Македонија.
Низ историјата пропаѓале многу држави и цели империи, пропаѓале цивилизации, но никој не се довел на работ на пропаста на ваков, јас би го нарекол перформерски начин: сега ќе ви покажеме како се умира без везе, односно со малку злоба, малку глупост, малку неписменост, а чујте, не е баш дека без везе, хахаха“
Фејсбук статус на новинарот Бранко Тричковски.






