Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски не знае за доста од почетокот на првенството на Кипар, во кое беше стрелец во сите шест кола, вклучувајќи го и денешниот водечки погодок во победата од 3:0 над ПАЕЕК за прво место на табелата за АЕК Ларнака.
Претходно, 34-годишниот напаѓач постигна два гола против Аполон и по еден во мечевите со Олимпијакос Никозија, со Пафос, со Омонија и со Докса, сè заедно за уверливо водство на листата на стрелците со седум погодоци.
Стрелецот на 7 гола за Македонија во 67 настапи, со денешниот стигна до 90 погодоци на 146 меча за АЕК Ларнака од 2016 година наваму.






