Новинарот Бранко Тричковски со неколку статуса на Фејсбук во свој (провокативен) стил го искоментира натпреварот на ракометните репрезентации на Македонија и на Чешка.
„Дали да не ги гледам македоџаните или да навивам за Чесите!?“, (се) прашува Тричковски.
„Натпреварот е загубен затоа што наредбата на Наќе (Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи – н.з.) за сигурна победа заглавила на Предејане и не стигнала на време до ракометарите на НССМ“, додаде тој.
„Нерамна борба. Тие се бореа за ВМРО, за името и за ракометот, а Чесите замо за ракометот. Во таа нерамна битка паднаа ракометарите, но името и ВМРО им останаа на усните и во срцата. Никогаш Северна, секогаш Македонија! Никој ништо да не ни бара, ние нема да му го дадеме, оти сме патриоти, ечеше од Грац до Градец. Тоа е“, финишира новинарот.





