Тричковиќ: Од 15 заменици министри во владата само 6 Македонци, Срби нема

Главниот уредник на списанието Срби.мк и член на раководството на Демократската партија на Србите во Македонија Мирослав Тричковиќ го анализира предлогот на составот на владата на ниво на заменици министри.



На списокот Тричковиќ забележува огромен диспаритет на етничка основа при што меѓу замениците нема ниту еден претставник на неговата српска заедница во Македонија.

,,Од 15 предлози за заменик-министри во Владата на Македонија само 6(шест) се Македонци. Срби нема”, пишува Тричковиќ кој на шега го користи хаштагот
#ЕдноОпштествоЗаСите.