Една од главните перјаници на пропагандата на владата на Заев, новинарот Бранко Тричкоски во обраќање до бугарската министерка за надворешни работи Захариева тврди дека Гоце Делчев бил Бугарин.
Тричковски на почетокот на деведесеттите беше дописник на Нова Македонија од Софија и важи за еден од највлијателните новинари кои својата позиција ја стекнаа во комунизмот а кои со своите текстови ширеа антибугарско рааположение во Македонија.
На пораката на Захариева дека Гоце Делчев треба да нѐ обединува, а не да нѐ разединува!
Тричковски одговара: “Не, уважаема госпожо, не може ниту да не обидинува, ниту да не разединува, не е хубаво мртов човек да го товариме с такиви задолженија. Нека ние живите да видим какво можем да направим”..
Тричковски нема никаква дилема што бил Гоце иатовремено фалејќи ги Борисов и Пендаровски за нивните изјави за него.
“Гоце бил Б’лгарин, това е јасно, но е влезен в македонското чудоредие и в националната легитимација и самочувствието на хората. Гоце е неутрален к’м тези работи, понеже е мртов вече 115 години.
Б’лгарија трјабва да покаже повече смисл и разбиране, не за Македонија, ами за себе, така че повече да респектира чувствата на хората и да не ги принуждава да сообразјават своите чувства с историческите факти както ги разбира Софија.
Спротивното поведение може да се преобрази в оште една капитална грешка на б’лгарската политика. Нема нужда од такова нешто. Отворането на вапроса е многу позитивен знак. Нека да не прекарваме с амбициите си.
Допадна ми се, в този контекст, последното изјавление на господин Борисов, дето приветства изјавленијата на нашие президент господин Пендаровски.
Убави поздрави од Скопје”, и пишува Тричковски на Захариева.





