Министерката за образование Мила Царовска, денеска повтори дека училиштата ќе бидат отворени за сите ученици од 1 септември, но дека во игра се уште две сценарија.
Спооред неа, се следат препораките од здравствените власти и одлуката на Владата и Главниот кризен штаб, а моделот на настава ќе се смени доколку Комисијата за заразни болести утврди да има потреба.
Второто сценарио е хибриден модел – наизменично една недела едни ученици во училница, а половина од паралелката – онлајн и третиот модел, како лани – физичко присуство за една група ученици, а за друга во континуитет наставата да биде на далечина.
„Најнепосакувано е второто и третото сценарио… Во даден момент, доколку Комисијата за заразни болести утврди дека треба да го менуваме моделот, ние сме подотвени за сите три сценарија, рече Царовска.






