Напорите кои се прават на релација Скопје – Софија – Брисел, кои треба да доведат до тоа Бугарија да ги одблокира преговорите со ЕУ, содржат сериозни ризици за Македонија дури и ако во оваа фаза Софија попушти.
Согласно новата методологија наметната од Париз, процесот на преговори е реверзибилен, што значи дека дури и ако Бугарија нè пушти сега да преговораме, ако не е задоволна понатаму може да нè врати на првиот од четирите кластери и 35 поглавја, со објаснување дека имаме уназадување на состојбите, на пример, добрососедските односи.
Освен ова, има и други опасности за земјава дури сега и да се прифати дел од тоа што го бара Бугарија.
Кои се ризиците за Македонија ако добие “Бугарско поглавје” на патот кон ЕУ ?
–
“🇧🇬 замка“ дава можност за „замрзнување“ на отворање на нови|затворањето на веќе завршените поглавја, доколку Софија рече дека Македонија не го исполнува договорот за добрососедство.
–
СЦЕНАРИЈАТА 👇 pic.twitter.com/G60hSiy1Fl— Демир (@Trollowsky) November 14, 2020





