Три сценарија како можни решенија: Влада ќе формира наследникот на Заев, опозицијата или ќе одиме на нови избори

Премиерот Зоран Заев опстои на ветувањето дадено пред неколку дена и по потврдениот пораз на неговата партија во вториот круг од локалните избори, објави дека ќе си поднесе оставка.



Заев од говорницата порача дека не се потребни предвремени избори, туку дека СДСМ заедно со коалицијата може дека ја предводи Владата на Македонија. Сепак, процесот во кој некој друг функционер на партијата ќе биде изгласан за нов премиер воопшто не е лесен и едноставен, бидејќи по оставката на Заев ќе падне и целата влада.

Професорот по уставно право од Правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски, за Плусинфо ја објасни постапката која Заев и неговииот наследник ќе треба да ја поминат во наредниот период. Сепак, тој посочи дека во предвид би можеле да се земат и други сценарија.

– Процедурата е слична како после секои парламентарни избори. Кандидатот на СДСМ за премиер ќе треба да го информира претседателот на државата дека може да го обезбеди собраниското мнозинство, кое ќе ги изгласа неговите предлози за составот на новата влада. Претседателот тогаш ќе го додели мандатот, па започнува законски определениот период за меѓупартиски преговори. Но, во оваа ситуација може да се случи мандат да добие и претставник на друга партија, доколку се појави ново парламентарно мнозинство. Затоа не треба да се исклучи ниту можноста новата влада да биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ – изјави Давитковски.

Законската процедура го обврзува премиерот најнапред оставката да биде понудена до претседателот на Собранието, кој треба да свика седница на која ќе се расправа по оставката.

Линк до целиот текст.