Три прстена на одбрана на новиот клуб на фашистичкиот соработник Борис Трети во Охрид

Македонските власти со три „прстени“ на одбрана го чуваат клубот кој го носи името на бугарскиот цар Борис Трети еден од сојузниците на Адолф Хитлер.



Извори во служби за безбедност брифираат дека со цел да се избегне инцидент како палењето на клубот на фашистичкиот соработник Иван Михајлов во Битола во Охрид е организирана ,,одбрана” на клубот како да се работи за сериозно безбедносно искушение.

Покрај физичкото обезбедување на клубот кој треба да биде отворен за три дена, кое го врши МВР на Оливер Спасовски, за ,,одбрана” на Цар Борис се организирани уште два прстени односно кругови со безбедносни мерки.

Македонските власти во соработка со други безбедносни служби во Охрид се врши надзор на пристапните патишта до клубот по кои некој нов ,,Ламбе” може да дојде и да предизвика инцидент.

Третото ниво на заштита од уништување или оштетување на клубот во чест на Борис Трети кој важи за соработник на Хитлер и кој дал дозвола за погромот по кој се убиени речиси сите Македонски Евреи во втората светска војна, е на интернет.

Во третиот прстен специјализирани македонски службеници во тајните служби и МВР вршат контрола и проверки на било каква интернет комуникација која се однесува на можни активности во правец на инциденти во клубот на фашистичкиот соработник и бугарски цар.

За таа цел се мониторираат социјални мрежи на лица кои се сметаат за способни да организираат инциденти во клубот.

Изворите на expres.mk велат дека клубот во Охрид го става на тест македонскиот безбедносен капацитет да спречи нов меѓународен инцидент.

Тие не исклучуваат дека поради огромното ниво на анимозитет во македонската јавност против бугарските фашистички соработници кои се користат за именување на клубови на Бугарите во земјава, и покрај може да дојде до инцидент.

Дополнителен проблем за македонските безбедносни служби е тоа што организаторите на отворање на клубот церемонијата на промоција ја прават во очи 11 октомври кога се обележува почетокот на македонското востание против бугарските окупаторски војски во 1941 година.

Терминот според безбедносни извори е намерно избран со цел македонската јавност да биде исповоцирана и да реагира насилно на клубот по што Македонија би била прогласена за земја каде не се почитува законот и правата на малцинствата, во случајот на Бугарите.

Вчера Богдан Илиевски го потврди првиот прстен на одбрана на Цар Борис

Полицијата на Спасовски 24 часа дневно го чува клубот на пријателот на Хитлер во Охрид (ВИДЕО)

Поврзана вест

Еврејската заедница најави кривична пријава за името „Цар Борис Трети“ на бугарскиот клуб во Охрид

Последна вест

Следуваат ли тензии во членката на НАТО

Ѓукановиќ најави исчезнување на Абазовиќ од политичката сцена (ВИДЕО)