Премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи се под силен притисок од јавноста откако владата предложи за конзулка во Њујорк да ја испрати Бесмира Ејупи, ТВ презентерка без никакво дипломатско искуство.
По откритието на порталот ЗООМ не запираат прашањата до владата за скандалозниот предлог.
Меѓу прашањата има и од видот ,,Трол прашања”.
Едно од нив поставува Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој во шегата за Бесмира е ироничен и за биографиите на дел од министрите на ДУИ кои во нив напишаа дека знаат да работат на оперативни системи со кои автоматски работат сите компјутери.
,,Каква е процедурата за човек да стане конзул некаде? Се пријавуваш на конзул-фест? Талент шоу „кој сака да биде конзул?“
Еве на пример јас немам дипломатско искуство и не сум бил конзул никаде, освен кога сме играле народна.
Плус сум бил едно трипати во Битола, градот на конзулите. Еднаш за малку Варош ќе појдев.
Знам Виндоуз 3.11, 95, 98, Виста, Милениум Едишан, ХП… знам да принтам на HP и Xerox, и матрично и ласерски.
Возам и автоматик и со мењач, можам да отворам пиво со упаљач, вилушка и бонсек, имам изедено три донери со ред, сум пеел во Маракана, го имам свртено Стрит Фајтер со Бланка (плав), менувам чорапи доста често и знам да говорам дипломатски како Димитров без да повратам во процесот.
Дали сум конзул материјал? Имаме ли конзулат во Барселона? Спаваш ли мирно МНР?”, прашува иронично Илиевски.





