Три партии размислуваат дали да поддржат влада на „Има таков народ“

Партијата на Слави Трифонов ги претстави имињата на можните министри во идната влада, на три последователни средби со евентуалните коалициони партнери „Исправи се БГ! Доаѓаме“, Демократска Бугарија“ и БСП.



Партиите се обврзаа да ги разгледаат имињата а потоа ќе одлучат дали ќе ја поддржат владата на ИТН, објави БГНЕС.

„Има таков народ“ има рок до петок да се изјаснат дали може да состави влада или или да му го врати мандатот на претседателот Радев.

ИТН на парламентарните избори освои 65 пратеници, далеку од потребното мнозинство за самостоен состав на влада. Бугарскиот парламент има 240 пратенички места, а за да биде изгласана владата потребна е поддршка од 121.

Има опција влада да биде изгласана и со помал број гласови од апсолутното мнозинство, но тоа е во случај сите пратеници да се присутни на седницата за избор.

Меѓутоа, оваа можност отпадна откако партијата ГЕРБ на Бојко Борисов најави дека ќе биде присутна и ќе гласа „против“.