Три недели по ОБСЕ и смртта на Вања која можеше да ја спречи Спасовски се фали со професионализам во безбедноста

Три недели ден по самитот на ОБСЕ и смртта на Вања Ѓорчевска која можеше да ја спречи МВР ако реагираше соодветно, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се фали со професионализам во безбедноста.



,,Со беспрекорната организација на Самиот на ОБСЕ во Скопје, ја потврдивме нашата посветеност и професионализам во сферата на безбедноста”, објави Спасовски без да открие суштински одговори зошто тој и МВР не го спасија животот на малата Вања.

Конференцијата на ОБСЕ се случи од 28 до 30 Ноември а малата Вања беше грабната и убиена на 27 ноември.

Спасовски не одговара на прашањата зошто возилото од претходно убиениот Панче Жежовски со кое е грабната Вања веднаш не било барано ниту најдено од МВР.

Според низа инфорамции доколку Спасовски и МВР го барале возилото ќе ги нашле убијците и Вања ќе била спасена.

Наместо морална и друг вид на одговорност за трагедијата Спасовски сега се фали со професионализам во безбедноста за деновите кога беа убиени две лица од кои едното, Вања, можело да биде спасено.

Линкот објавен во објавата на Спасовски mvr.gov.mk/vest/29624 од непознати причини не функционира.