На денешните протести на кои повика ВМРО-ДПМНЕ и на кои беше блокирана зградата на Македонската влада симболично беа фрлени десетици парчиња тоалетна хартија кон канцелариите на премиерот и дел од министрите.
Некои од поумерените граѓани демонстранти велат тоалетната хартија се фрла за владата со неа да го избрише срамот од реториката во врска со преговорите со Бугарија.

Некои пак поотворени граѓани велат дека на владата ќе и треба тоалетна хартија за да ги избрише “пос… задници” откако дозволи и таа и граѓаните да бидат повторно понижени.
Трети уште поотворени и похрабри во описот велат дека владата со тоалетната хартија може да си ја избрише устата откако ги изеде “го…..” во преговорите со Софија.
Опозицијата продолжува со протестите во знак на незадоволство од позициите на власта кон уцените од Бугарија.






