Владата соопшти дека премиерот Димитар Ковачевски го доставил до Собранието предлогот за реконструкција на Владата.



Според предлогот, досегашниот министер за правда, Никола Тупанчески заминува ресорот и на негово место доаѓа Кренар Лога од Алијанса за Албанците.

Министерот за здравство, Беким Сали од Алтернатива ќе се биде заменет со Фатмир Меџити исто така од Алијансаќ

Министер за информатичко општество ќе биде Азир Алиу.

Како иден дел од владината коалиција Алијанса за Албанците добива и две заменик министерски места – во Одбрана и во Министерството за шумарство и водостопанство.

Заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е Тирон Јајага.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е Вјолца Бериша.

Каквов ќе биде ставот на „владејачката“ Алтернатива по ова, засега не е познато.

Дали ќе остане во влада, како што се шпекулира, но нема да гласа за реконструкцијата ќе се одлучува во недела на Централното собрание на партијата.