Во изминатите 24 часа биле направени 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 169, Битола – 24, Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 8, Кичево – 6, Струмица и Гевгелија – по 5, Тетово – 4, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по 3, Неготино, Виница и Богданци – по 2, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (281), регистрирани се 48 реинфекции.
Во истиот периот регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Битола (63г), Охрид (85г) и Крива Паланка (76г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 285 оздравени пациенти.






