Првите два километри од автопатската делница од Скопје – Блаце треба да се изградат за 42 месеци, односно две и пол години, договорeno e со изведувачот „Гранит.
Вредноста на склучениот договор, со вклучен ДДВ, е 881.742.867 денари или околу 14,3 милиони евра.
„Гранит“ ќе гради како што ќе се ослободува теренот со експропријацијата, а јавното претпријатие Државни патишта ќе му плаќа авансно.
За автопатот Скопје – Блаце долг 12,5 километри обезбедени се 120 милиони евра – 70 се кредит, 27 грант, а остатокот државни пари.





