Три градови се без активен случај на коронавирус- немаат ниту еден позитивен

Пандемијата постепено попушта, иако бројот на починати сеуште е двоцифрен. Постојат градови во кои нема ниту еден активен случај на ковид-19.



Тоа се градовите Дојран, Пехчево и Демир Капија.

Од друга страна по само еден случај позитивен на коронавирус имаат Дебар и Валандово.

Вкупниот број на вакцинирани против ковид во Македонија изнесува 346.931 додека бројот на оние кои примиле втора доза, односно се ревакцинирале изнесува 107.648 граѓани.

Имено, според последната статистика од здравство уште шест лица починаа од вирусот корона и регистрирани се 43 нови случаи на инфекција.

Новиот број на пациенти со ковид беше потврден со 3.007 тестови во претходните 24 часа, а 1,43 проценти од испитаните биле позитивни.

Досега, 5.429 лица починаа од вирусот корона во Македонија, дијагностицирани се 155.345 и активни се 1.070.

Институтот за јавно здравје регистрира дека се опоравиле уште 48 пациенти, така што вкупниот број на излекувани пациенти се зголемил на 148.846.