Кривичниот суд во Скопје изрече пресуда за возачот кој го усмрти 13.годишниот Давид Анѓеловски на булеварот „Илинденска“ кај фонтата во Градскиот парк, на 18 септември 2015 година.
Давид со својот велосипед поминувал на пешачкиот премин кога вои него удри „пунто“, сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство. Од ударот Давид починал неколку минути подоцна во болница.
Судијката Софија Лаличиќ денес ја прогласи за виновна Маја Лукаревска и ја осуди на затворска казна од 3 години затвор.
ИРЛ минатата година во март објави дека таткото на Давид, Саше Анѓеловски, бараше правда за синот и судска разрешница за случајот бидејќи судскиот процес не почнуваше две години, а се сменија седум судии, четири обвинители и беа направени шест вештачења.
Таткото на Давид за ИРЛ изјави дека конечно правдате е задоволена.





